Силјановска: Замислете на денешниот ракометен натпревар химната беше интонирана без текстот

by fokus 22:29
22:29

На 21 април ќе отвориме пат за предвремени парламентарни избори, ама новата влада нема да бара од нас да ги заборавиме зборовите на химната или во себе да ги кажуваме и да тагуваме. Со нас ќе ја пее химната, со нас ќе го вее знамето и ќе го изговара светото име Македонија зашто тоа е нашиот идентитет, а Северна нека пишуваат тие. Тоа не е нашето име, рече претседателскиот кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова на вечерашниот митинг во Велес.

Силјановска го почна обраќањето со забелешката дека на денешниот ракометен натпревар, македонската химна била интонирана без зборови.

- Advertisements -

– Замислете на денешната утакмица химната била интонирана без зборови. Неморално, неетички и мазохистички е тоа што се случува. Нели идентитетот ни е сочуван и загарантиран? Па што е химната ако не дел од македонскиот идентитет? Дали Македонија е слободна ако иредентизам е да ја пеете химната? Дали е ова слободна земја и дали навистина не треба повторно да се бориме за право и правдини оти во Уставот ги пишува трите најважни симболи на државата, меѓу кои, покрај грбот и знамето, е и химната. Сите се под Уставот и законите во слободна земја ама ја се плашам дали оваа земја е се уште слобода. Химната е нашата историска слика, нашиот историски национален наратив. Кој им дава право да ги тргнат зборовите од химната? Таа не е само музика, туку е битката за право и правдини, рече Силјановска.

Инаку, пракса е на сите натпревари да се пушта инструментална верзија на химната, а публиката да го пее текстот и ова не е некоја новост по Преспанскиот договор.

Поврзани новости