Силјановска за кампањата потрошила три пати помалку од Пендаровски

by fokus

ДИК попладнево го објави и извештајот за трошоците за кампањата во првите десет дена на Гордана Силјановска Давкова. Таа вкупно потрошила 167 илјади евра што е три пати помалку од трошоците на Стево Пендаровски (пола милион евра).

Силјановска Давкова во првите десет дена од кампањата потрошила над 10 милиони денари, а собрала 12,5 милиони од донации. При тоа, донирале 248 физички лица и  два деловни субјекта и тоа адвокат Надица Димитрова со прилог од 90.000 денари, а ДООЕЛ „Сончев зрак“ –  80.000 денари.

Од донациите највисоки се прилозите од 180.000 денари, а меѓу лицата кои дале најголеми донации се потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски, портпаролот Димче Арсовски, пратеничката Ане Лашоска, по 150.000 Антонио Милошоски, 100.000 донирал Коце Трајановски.

Поврзани новости