Силјановска води во 42 општини кои СДСМ ги доби на последните локални избори

by fokus 13:02
13:02

Од 58 општини, во кои СДСМ освои победа на последните локални избори во 2017 година, владејачката партија го изгуби водството во 43 општини по првиот круг од претседателските избори.

Предноста во 42 општини овој пат ја има ВМРО-ДПМНЕ, односно во толку општини  поголем број гласови овој пат освои кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска. Во само една општина, пак, односно во Арачиново, каде градоначалник е кадар на СДСМ, поголем број од гласовите отидоа на конто на кандидатот на Алијансата и БЕСА, Блерим Река.

- Advertisements -

Според гласовите, СДСМ изгледа ја губи поддршката на граѓаните во Вардарскиот, Источниот и Пелагонскиот регион од Македонија. Меѓу поголемите градови каде овој пат предничи ВМРО-ДПМНЕ се Битола, Прилеп, Велес, Кратово, Штип, Кочани и Гевгелија.

Интересно е тоа што во Охрид, каде води Силјановска, во изборот за градоначалник поголем број од гласовите освои кандидатот на СДСМ, Константин Георгиески, кој води со околу 2.500 гласа повеќе од неговиот противник, Митре Милошевски, од ВМРО-ДПМНЕ.

Од скопските општини СДСМ губи во Ѓорче Петров, Кисела Вода, Ародром, Гази Баба и Бутел.

Но не губи само СДСМ поддршка во општините кои ги освои на последните избори, губи и коалициониот партнер на Заев. ДУИ на Али Ахмети изгуби 4 од 10 општини каде доби градоначалнички места. Река во првиот круг водеше во Липково, Дебар, Тетово и Теарце, општини кои во 2017 година ги добија кандидатите на ДУИ.

Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците ја потврдија поддршката во општините што ги добија на последните локални избори.

М.В.

Поврзани новости