Силјановска: Сум се оградила од Груевски многупати, претпоставувам затоа и не останав во Венецијанската комисија

by fokus

Канидатката за претседателка, Гордана Силјановска Давкова во вечерашниот дуел на Канал 5 рече дека таа многупати се оградила од владеењето на Никола Груевски.

-Сум се оградила многупати, сум го критикувала. Претпоставувам затоа и не останав во Венецијанска комисија. Но, јас не сум човек коишто го викаат за да коментира, јас избегнувам да висам по телевизии. Сум ја прочитала книгата и сум била на протест на Кежаровски, рече Силјановска.

Поврзани новости