Силјановска: Сега едно ропство е заменето со друго, една фамилија е заменета со друга

by fokus

Кандидатката за претседателка Гордана Силјановска Давкова во вечерашната дебата на МРТ на прашањето од Пендаровски како зборува за заробена држава кога таа квалификација Македонија ја доби во време на партијата која неа ја поддржува, таа рече дека сега едно ропство е заменето со друго.

-Партијата која ме поддржува, ме поддржала бидејќи во мене гледа реформатор, бидејќи е отворена за промени. ВМРО-ДПМНЕ на конкурсот не бараше да ја прифатам нивната програма. Сега едно ропство е заменето со ново ропство, една фамилија е замената со друга, рече Силјановска.

Поврзани новости