Силјановска: Прекрасни македонски мажи, искористете ја нашата женска енергија

by fokus

Како претседателка на Македонија, ќе сторам сѐ да не бидам само слуга, ќе бидам своја во мислата и стратегијата, во оригиналноста. Зошто Македонија да нема мајка на државата?, истакна на вечерашниот митинг во Прилеп кандидатот за претседател, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјаноска Давкова.

Според Силјаноска Давкова жените се способни за раководење со државата зашто држат малсинова гранка на мирот.

– Ние жените секогаш сме држеле маслинка во рацете, зашто е симбол за мир, за право и правда. Се прашувам што би сторила кога ќе бидам, а ќе бидам, командант на вооружените сили. Си велам, па зошто досега немало жена генерал? Има научно втемелени теории дека жените во вооружените сили шират енергија со маслиновите гранчиња во рацете. Внесуваат мировна атмосфера. Вреди да се искористи женската енергија, па велам: Прекрасни македонски мажи, искористете ја нашата енергија, рече Силјаноска Давкова пред прилепчани.

Силјаноска Давкова рече дека ова е крај на досегашната политичка гарнитура која загуби две години во договори и преговори, а ништо не направи за економијата.

-Сакам да се обидам да сменам нешто во оваа држава. не поради мене или паријата или партии што ме поддржуваат туку поради граѓаните. Правото и правдата ако ги нема во реалноста, уставот и законите се обичен декор. Се ќе сториме да ги оживотвориме правдата и законите, да нема политички реваншизам и селективна правда. Да има владеење на правото и правдата, а не владеење на олигарси кои го користат Преспанскиот договор и спогодбата со Бугарија за да станат побогати. Мора да се стави крај на фамилијарноста во безбедносните служби и само така може да бидеме безбедни. Зборуваме за НАТО, а немаме амбасадор, зборуваме за ЕУ, а немаме амбасадор во ОБСЕ, немаме амбасадор во ОН, рече Силјаноска Давкова.

Поврзани новости