Силјановска пред Влада: Дојде време да покажаме дека фактот што ние жените работиме три пати повеќе од мажите, не направил три пати посилни

by fokus 20:06
20:06

Кандидатката за претседателка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова на вечерашниот митинг пред Владата порача дека на татковината и треба жена за претседател.

-Македонија има убаво име, во женски род и не и треба придавка. На татковината и треба жена, јасно е зошто. Зашто ние имаме потежок живот од мажите, треба да докажуваме дека сме добри професорки, покрај добри мајки. Сега дојде времето да ги покажеме способностите, не само човечките, туку и женските. Владата има само четири министерки, каква родова рамноправност. Само шест од нивните градоначалници се жени. Потребни се радикални промени. Дојде време да покажеме дека фактот дека работиме три пати повеќе од мажите не направил три пати посилни. Сега таа сила ќе и ја вратиме на Македонија, рече Силјановска.

- Advertisements -

Поврзани новости