Силјановска почна со собирање потписи за претседателската кандидатура

by fokus

Професорката, Гордана Силјановска Давкова, ја започна постапката за собирање 10.000 потписи од граѓаните за поддршка на нејзината претседателска кандидатура, зад која застана партијата ВМРО-ДПМНЕ. Иако Силјановска не мора да го прави ова, бидејќи го има потписот на пратениците на оваа партија, сепак на партиската Конвенција во Струга го најави ова за да биде, како што рече, граѓански кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ.

„Како што ветив во Струга, Ве известувам дека и формално ја информирав Државната Изборна Комисија за започнување на процесот на собирање на најмалку 10 илјади потписи за претседателската кандидатура. Од утре, сите вие што мислите дека е време во Македонија да започнат суштински промени на подобро, во подрачните канцеларии на ДИК низ цела Македонија, ќе можете да ги дадете вашите потписи. Време е – без разлика на партиската, етничката, половата, социјална и старосната структура – да се обединиме и да ја вратиме Македонија во нормала. Во текот на денот, дополнително ќе бидете информирани за точните локации, процедури и потребни документи“, напиша Силјановска на фејсбук.

Почитувани сограѓани, Како што ветив во Струга, Ве известувам дека и формално ја информирав Државната Изборна Комисија…

Publiée par Gordana Siljanovska Davkova sur Vendredi 22 février 2019

Поврзани новости