Силјановска освои над 600 гласа повеќе од Пендаровски во скопските општини

by Фокус 13:11
13:11

Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска – Давкова освои 664 гласови повеќе во однос на претседателскиот кандидат на владејачката коалиција на чело со СДСМ Стево Пендаровски, покажуваат податоците од Државната изборна комисија од гласањето во скопските општини.

Од скоро 100 отсто обработени податоци, Силјановска-Давкова во Скопје освоила 87.268 гласови, Пендаровски освоил 86.604 гласови, а Блерим Река 14.905. Притоа, Пендаровски има повеќе гласови во Центар, Карпош, Сарај, Чаир, Шутооризари, додека Силјановска – Давкова победи во Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Ѓорге Петров.

- Advertisements -

Поточно, во Центар Пендаровски освои 12.342 гласови, Силјановска 8.031, а Река 444. Во Карпош, Пендаровски освои 14.039 гласови, Силјановска-Давкова 11.641, а Река 528. Во Аеродром, пак, Силјановска-Давкова освои 16.450 гласови, Пендаровски 14.007, а Река 311. Во Кисела Вода, Силјановска-Давкова освои 14.685 гласови, Пендаровски 10.295, а Река 213 гласови итн.

Поврзани новости