Силјановска нема да излезе „На мегдан“, претставниците не биле легитимни револуционери

by fokus

Кандидатката за претседателка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова ја одби поканата на иницијативата на „На мегдан“ за соочување и одговарања на прашања од граѓаните. Според Силјановска, иницијаторите на „На мегдан“ не се репрезентативни за некои кои се нарекуваат револуционери.

-За да бидете револуционер треба да бидете наспроти власта. Не сум чула пратеници, министри, членови на бордови да бидат револуционери, рече Давкова.

Иницијатива „На Мегдан” ја сочинуваат, како што велат, група од разочарани и неопределени активисти и поранешни членови на Шарената револуција. Од иницијативата вчера ги поканија на дебата двајцата кандидати за претседател, а Пендаровски ја прифати поканата.

Поврзани новости