Силјановска: Нашето место било и ќе биде во Eвропа и во Европската унија

by fokus

Освен во два периоди, за време на Отоманската империја и за време на комунизмот, нашето место било и ќе биде во Eвропа и во Европската унија, изјави кандидатката за претседател поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова во своето обраќање на денешниот митинг во Демир Хисар.

-Балканот отсекогаш бил географски, политички, а особено културен дел од Европа. Но, не е патот кон ЕУ воз на кој ќе се качите и стигнете до Брисел, Европската унија треба да ја создаваме овде и тука, но за жал последните две години тоа не се случува, рече Силјановска.

Поврзани новости