Силјановска на Фејсбук: Коментирајте „2 за Македонија“ ако сакате да ја прочитате мојата програма

by fokus

Кандидатката за претседателка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова денеска на својата официјална Фејсбук страница објави дека нејзината програма е подготвена и секој кој сака да ја прочита, да искоментира на нејзината објава „2 за Македонија“.

-МОЈАТА ИЗБОРНА ПРОГРАМА Е ПОДГОТВЕНА! АКО САКАТЕ ДА ЈА ПРОЧИТАТЕ ЦЕЛАТА, ВО КОМЕНТАР НА ОВОЈ ПОСТ, НАПИШЕТЕ „2 ЗА МАКЕДОНИЈА”…, напиша Силјановска.

Во продолжение на објавата, Силјановска сподели дел од нејзината програма:

„Бидејќи безбедноста е во надлежност на Претседателот планирам да сугерирам:

Нѐ прави небезбедни подеднакво како што нѐ прави небезбедни воен напад или непогода.

• Измени за прагот на информирање за ПМ10-честичките да биде 50 микрограми на метар кубен

• Измени за прагот на алармирање за ПМ10-честичките да не биде повисок од 70 µg/m3

• Во Советот на безбедност ќе формирам работно тело за загадувањето како безбедносна закана, кое, доколку властите (локалната и централната) не преземаат мерки против загадувањето, ќе предлага донесување на одлука за прогласување на вонредна состојба до Собранието

• Стратегија за одбрана да ги опфаќа и климатските промени и нивното влијание на националната безбедност со оглед на ризиците од деградација и уништувањето на животната средина, на еколошките потенцијали и природните непогоди;

Мојата изборна програма е подготвена!

Ако сакате да ја прочитате целата, во коментар на овој пост, напишете „2 за Македонија”…“

Поврзани новости