Силјановска: Матичарите ми го згрешиле презимето

by fokus

Претседателскиот кандидат, Гордана Силјановска, денеска ја разреши дилемата околу нејзиното презиме, кое во плакатите од изборната кампања се појавува како Сиљановска. Таа изјави дека тоа е така затоа што матичарите го згрешиле презимето.

-Во македонскиот литературен јазик е правилно Силјан штркот, или Силјановска,но понекогаш кога матичар го внесувале презимето на родителите, знаеле наместо лј да стават љ и вие сте должни тоа што е во личната карта да го кажувате. Да, во личната карта на моите родители е внесено љ наместо лј. Иако сите знаеме дека лј звучи чудно, но можеби е време тоа да се корегира – рече Силјановска.

Поврзани новости