Силјановска: Киро Глигоров беше против политичко влијание на Сорос во Македонија

by fokus

Професорката и кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, во вчерашното интервју на Сител негираше дека било кога користела грантови од Фондацијата Отворено Општество, туку дека Универзитетот каде предава соработувале со ФООМ. Таа додаде дека нејзината поврзаност со Фондацијата во 90-тите години не би требало да фрла дамка на неа.

На прашањето дали според неа Сорос ги подобрува демократските капацитети во државите или урива демократски избрана власт, таа одговори:

-Не можам да дадам таква оценка. Во 90 години Сорос на Република Македонија и даде кредит кога имавме ембарго и немавме нафта. Знам дека Сорос не само во Република Македонија, туку и во други земји, во рамки на филантропската мисија финансирал образование, здравство, социјална заштита, но го знам и она што господинот Киро Глигоров ми го има кажано, а тоа е дека во моментот кога го Сорос манифестирал амбиции за политичко влијание во Македонија, тој го замолил да не го прави тоа – рече Силјановска.

Во врска со информациите дека нејзиниот сопруг имал лиценца за отворање на фришоп, која ја добил додека таа бил дел од Владата на СДСМ во 90-тите години, Силјановска порача дека прашањето треба да го одговори тогашниот министер за внатрешни работи, Љубомир Фрчковски.

-Фришопот постоел, тоа не го негирам, но не сум учествувала во никакво доделување – рече Силјановска

Таа вели дека првото нешто што ќе го направи, доколку ја добие довербата од гласачите, ќе биде да предложи измени на закон за прилегии на претседателот, без ретрактивно дејство, туку измените би важеле од последниот претседател

-Секоја реформа треба да почне од претседателот, ако нашиот народ има сериозни проблеми со здравјето и животот, заради загадениот политички и атмосферски воздух, тогаш претседателот треба да ја дели неговата судбина – рече Силјановска.

Моето прво интервју на телевизија Сител!

Publiée par Gordana Siljanovska Davkova sur Mardi 19 février 2019

Поврзани новости