Силјановска ќе ги убедува приврзаниците на „Бојкотирам“ да гласаат за неа

by fokus

Претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова во вечерашното гостување на телевизија Сител рече дека предноста во гласови што ја има Пендаровски во првиот круг е занемарлива.

-Презадоволна сум од резултатите. За 15 месеци да изгубите 40 проценти од гласачите е длабока криза на легитимитетот. За мене ова беше како „исправи се Делфина“, тоа е одличен влез во вториот круг. Ме зачудува бидејќи Венецијанската комисија три пати и препорачува на Македонија да го тргне цензусот. Апстенцијата може да се гледа од повеќе агли. Факт е дека таа е далеку поголема во албанските средини, јасно ни е зошто. Бидејќи по појавувањето на едуциран кандидат како Река, албанските гласачи се спротивставија на тргување со гласови. Непознат феномен е во кампања за претседателски избори да учествуваат министри и премиер, тие ја прегазија линија меѓу партијата и државата. Јас мислам дека ќе имаме цензус, иако дел од граѓаните не сакаат да излезат заради името, како што се приврзаниците на Бојкотирам, но имам намера да разговарам со нив, да им објаснам дека проблемот се решава внатре во институциите. Разликата е занемарлива, можеби загрижуваат неважечките гласови, рече Силјановска.

Поврзани новости