Силјановска: Јас знам дека без партија зад мене можам само да прошетам по изборната писта

by fokus

Без оглед на умот, знаењето и капацитетот јас знам дека сама можам да прошетам по изборната писта, но јас не сум политичка маникенка. Ако немате партија зад вас ништо не можете да сторите, вели во интервју за БТВ од Бугарија, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател, Гордана Силјановска.

Запрашана за претходниот режим, зад кој стоеше партијата која ја поддржува, Силјановска вели дека на времето го осудувала.

-Сум ја осудувала таа власт отворено. Немам намера воопшто нивните гревови да ги земам на свој грб. Правото и правдата треба да важат за сите, и за периодот кој го нарекувам авторитаризам, титоизам, милошевиќизам. Ние имаме сега и заевизам, сите тие се авторитарни матрици. Не се оди во ЕУ со два договори во куферот – порачува Силјановска.

Поврзани новости