Силјановска: Јас како женски витез дадов признание на интелектуалната кампања на Река

by fokus 20:52
20:52

Кандидатката за претседателка Гордана Силјановска Давкова денеска изјави дека не очекува автоматски гласови од гласачите на Блерим Река договорени меѓу партиите.

-Јас како женски витез дадов признание на интелектуалната и креативна кампања на господинот Река. Не очекувам автоматски гласови зашто партиите зборуваат меѓусебе, а јас им се обраќам на сите граѓани. Очекувам младите Албанци кои знаат и препознаваат и не сакаат да бидат искористени во партиските политики, најчесто трговии, туку сакаат да бидат субјекти во изборниот процес, да му го дадат гласот на оној кој е добар и како личност и кој има знаење да направи вистински промени, рече Силјановска.

- Advertisements -

Поврзани новости