Силјановска: Ако треба и повеќе од 12 пати ќе се обраќам во Собранието

by fokus

Кандидатката за претседателка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова на вечерашниот митинг во Центар порача дека обраќањето на претседателот на државата во Собранието една годишно е премалку.

-Знаете дека претседателот на државата пред Нова Година им се обраќа на пратениците во Собрание. Јас мислам дека тоа не е доволно. Јас ќе се обраќам многу пати пред пратениците, не за да манифестирам сила, туку за да ги адереисрам најгорливите проблеми на граѓаните. Проблемите на лицата со посебни потреби, на ромската заедница, проблемите на младите, на земјоделците, на лекарите… ако треба 12 пати, но и повеќе ќе барам да им се обратам, рече Силјановска.

Поврзани новости