Силјановска: Ако има грчки премиер или претседател кој ќе се извини за прогонувањето на децата, ќе имаме почит и разбирање

by fokus

Носителката во Изборна единица 1 од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска денеска се поклони пред споменикот на децата бегалци од Егејска Македонија и порача дека добрососедските односи со соседите може да имаме само ако се признаат злосторствата од минатото.

-Добрососедските односи ќе се унапредат кога ќе се помириме со минатото. А помирување не настанува со договор, ами со признание на злосторствата, со покајување и искрена желба за соработка заради неповторување на историјата. Ако има грчки премиер или претседател кој ќе се извини за прогонувањето на децата, ќе имаме почит и разбирање. Ако Бугарија и Грција признаат македонско малцинство и македонски јазик за реалност на својата територија, ќе подадат рака за соработка.
Преспа и договорот со Бугарија не се такви акти. Не нудат помирување ниту ќе унапредат добрососедство. А имаме во историјата договори од кои можевме да учиме. Меѓу Германија и Полска, Германија и Франција, на пример.
Треба да се гледа суштината на добрососедските односи, зашто именката добрососедство без заемна почит нема значение, порача Силјановска.

Поврзани новости