Силен земјотрес од 7,3 степени го погоди Нов Зеланд, предупредување за цунами

by fokus

Земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала денеска го потресе Нов Зеланд, јавува американскиот Геолошки институт (USGS).

Според податоците, епицентарот на земјотресот се наоѓа на 238 километри од градот Гисборн, на Нов Зеланд, на длабочина од 10 километри.

Земјотресот е регистриран во 13:27 часот по средноевропско време.

Новозеландските власти издадоа предупредување за опасност од цунами. Оваа опасност е можна на 300 километри од епицентарот на земјотресот, соопшти Тихоокенаскиот центар за предупредување од цунами.

Засега нема информации за можни жртви или конкретни штети.

Поврзани новости