Силен земјотрес од 6,9 степени ги погоди Филипините

by fokus

Земјотрес со јачина од 6,9 степени денеска ги погоди Филипините, со епицентар лоциран југо-западно од градот Давао на длабочина од 53 километри, соопшти геолошкиот институт на САД.

Центарот за цунами на Пацификот соопшти дека нема опасност од прилив на бран, пренесе „Ројтерс“.

Засега нема информации за евентуална штета или повредени.

Поврзани новости