Силен земјотрес од 4,2 степени во Сплит

by fokus

Рано утринава околу 3 часот силен земјотрес ја затресе Хрватска, односно епицентарот бил на околу 21 километар северно од Сплит. Сеизмолошкиот завод наведува дека јачината на земјотресот бил 4,2 степени по Рихтеровата скала.

Жителите на Сплит за тамошните медиуми велат дека покрај силното тресење, се слушнал и силен звук кој ги преплашил.

Земјотресот бил почувствувал и во Риека, која е 242 километри оддалечена од епицентарот на потресот.

Поврзани новости