Силен земјотрес ја погоди Турција

by Fokus

Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтер денес ја погоди Западна Турција.

Епицентарот бил во водите на Егејско море, на 83 километри од Измир, но потресот се почувствувал и во Истнабул, како и во Бугарија, но и на повеќе грчки острови.

Тлото се тресело околу половина минута, а преплашени граѓани излегувале надвор. Сеуште нема информации за жртви и материјални штети, и се проценува дали треба да се издаде предупредување за цунами.

Турција е позната по јаките земјотреси. Во 2011 година во земјотрес со јачина од 7,2 степени загинаа околу 600 луѓе, додека пак во 2009 во два масивни земјотреси во северо – западниот дел на земјата загинаа околу 20.000 луѓе.

В.К.

Поврзани новости