Си купил мобилен телефон, а некој во меѓувреме деветпати му ја злоупотребил картичката

by Fokus

Триесетгодишен тетовчанец пријавил злоупотреба на неговата платежна картичка од страна на непознати сторители, информираа од МВР.

Според полицијата, пред еден месец, на 7 ноември преку социјалните мрежи нарачал мобилен телефон и ги внел личните податоци и бројот на платежната картичка, издадена од една од банките во Тетово. Кога по извесно време ја проверил состојбата на сметката, констатирал дека во периодот од 20.11.-27.11.2017, во девет наврати од истата му биле подигнати 90.218 денари. Се работи на целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителите.

Поврзани новости