Си ја повредил раката пукајќи со пиштол, полицијата го товари за предизвикување општа опасност

by fokus

Жител на село Арачиново заработи кривична пријава откако пукал со пиштол без дозвола, при тоа повредувајќи си ја раката.

„СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.Е.(51) од село Арачиново, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност”. На 03.03.2019 околу 16.00 часот во атар на село Никуштак, кумановско, пријавениот, од пиштол, кој го поседувал со соодветна дозвола, испукал куршум, при што се здобил со телесна повреда во пределот на раката“, соопштија од МВР.

Поврзани новости