Си-ен-ен: Лидерот на Северна Кореја е во критична состојба

by fokus

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, е во критична состојба по операцијата на срцето, објави Си-ен-ен повикувајќи се на разузнавачки податоци на американските служби.

Шпекулациите за неговата здравствена состојба се појавија откако Ким не присуствуваше на одбележување на роденденот на својот дедо на 15 април. Тој последен пат е виден на 11 април на владина седница.

Неименуван американски претставник за Си-ен-ен изјави дека постојат информации кои укажуваат на влошена здравствена состојба на севернокорејскиот претседател, но оти е тешко да се процени сериозноста на ситуацијата.

Јужнокорејските медиуми објавија дека на севернокорејскиот лидер на 12 април му била извршена операција на срцето и, според неофицијални информации, тој по операцијата е сместен во вила во Хујангсан и е под лекарска контрола.

Официјални претставници од Сеул истакнуваат дека освен шпекулации, нема потврдени информации дека Ким е во критична состојба, па дури и дека е во кома.

Поврзани новости