Си Ен Ен: Џо Бајден избран за претседател на САД

by Fokus

Кандидатот на демократската партија Џо Бајден е избран за 46. претседател на САД, јави Си Ен Ен.

Телевизијата го прогласи Бајден за избран претседател по прогласувањето негова победа во Пенсилванија, која носи 20 електорски гласови. Со нив Бајден има 173 електорни гласови, од неопходни 170.

Пребројувањето на гласовите продолжува во Пенсиланија, Џорџија, Аризона, Невада, по што ќе следи и официјална потврда на резултатите.

Историски момент е и тоа што САД по првпат ќе има жена потпретседател на државата, Камила Харис, која е со афроамериканско и индиско потекло.

Актуелниот претседател Доналд Трамп најави дека неговиот правен тим ќе поднесе повеќе тужби во судовите за ги оспори резултатите.

Поврзани новости