Шведскиот тренер: Лазаров не е добар како порано

by fokus

Македонската ракометна репрезентација денеска од 20.30 часот го игра првиот меч од СП 2021 во Египет, против екипата на Шведска.

Селекторот на Швеѓаните, Глен Солберг, вели дека се подготвени за дуелот, велејќи дека Кире Лазаров не е добар како порано.

-Лазаров и Стоилов се одлични ракометари, што ја прават Македонија поопасна селекција од Чешка. Лазаров веќе не е добар како порано. Сметам дека не може да издржи толку долго време на теренот. Но, она што го има загубено на физичката кондиција, го надополнува со рутината и искуството, истакна Солберг.

Поврзани новости