Швајцарски „Блик“ кон Шаќири: Не сите кои живеат во планина се со ограничен ум

by fokus

Швајцарските фудбалски репрезентативци, Џердан Шаќири и Гранит Џака го навлекоа гневот на граѓаните на Швајцарија, кога при постигнувањето на погодоците против Србија, тие прославија симболизирајќи „двоглав орел“.

Репрезентативците во текот на вчерашниот ден се извинија за таквата постапка, но најтиражниот швајцарски весник „Блик“ остро реагираше особено кон Шаќири.

„Гранит Џака, Џердан Шаќири и Стефан Лихтштајнер признаа дека згрешиле во случајот со „дволгав орел“ и се извиниле. Лихтштајнер и Џака успеаја да ја признаат грешката, додека Шаќири ја крена на повисоко ниво. Тој поли нов литар бензин. Да, господине Шаќири, ние сме земја на планини. Но, не господине Шаќири, не сите кои живеат во планина се со ограничен ум“ се вели во коментарот на уредништвото на „Блик“.

Според некои информации, репрезентативните денови на Шаќири во националниот тим се изброени и се очекува наскоро тој да добие „клоца“.

Поврзани новости