Швајцарија ја елиминираше Србија и се пласираше во осминафиналето на СП

by Fokus

Репрезентацијата на Швајцарија е последниот патник во осминафиналето на 22. Светско фудбалско првенство.Швајцарците го добија директниот дуел со Србија со 3-2 и на тој начин како второпласирани во групата Г изборија место во нокаут фазата. Доста возбудлив, интересен беше мечот во Доха на кој двете селекции имаа можност да бидат во водство за да на крајот сепак последниот збор да го имаат избраниците на Јакин.

Шаќири во 20 минута го отвори резултатот, но потоа стигна одговорот од Србите кои преку Митровиќ и Влаховиќ направија целосен пресврт. До крајот на првиот дел стрелаше Ембило за 2-2 со кои се замина на пауза.

Поврзани новости