Швајцарија го елиминираше светскиот првак Франција!

by fokus

Фудбалската репрезентација на Швајцарија вечерва приреди изненадување и го елиминираше светскиот првак Франција од Европското првенство во фудбал.

Франција имаше водство од 3-1 кога Швајцарија успеа да даде два гола и да израмни. Натпреварот отиде во продолженија, по кои немаше голови.

Патникот во четврт-финалето се решаваше на пенали во кои поуспешна беше Швајцарија со 5-4, откако во последната серија Килијан Мбапе не успеа да реализира од белата точка.

Поврзани новости