Швајцарец тешко повреден откако паднал од два метри кај Матка

by fokus 16:35
16:35

Жител на Швајцарија се здобил со тешки повреди, откако паднал од два метри височина во Матка.

„На 22.10.2019 во 08.40 часот во СВР Скопје од Ургентен цетар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека на 21.10.2019 со тешки телесни повреди кај нив бил донесен Г.С.(22) од Швајцарија. Според пријавеното, тој се здобил со повреди при пад од два метри височина во Матка. Се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.

- Advertisements -

Поврзани новости