Шумахер е во свесна состојба

by fokus

Седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер кој е под третман на матични клетки во болница во Париз, после долго време е свесен, пренесуваат медиумите од Франција.

Во болницата се потрудиле да се почитува неговата приватност а една медицинска сестра открила дека легендарниот возач е свесен.

Шумахер во декември 2013 година доживеа тешка повреда на главата при скијање на француските Алпи и од тогаш е во индуцирана кома.

Поврзани новости