Штрајкуваат со глад тројца затвореници од затворот во Штип

by fokus

Тројца затвореници денеска започнале штрајк со глад во штипскиот затвор. Еден штрајкува затоа што не му било исполнето барањето да го преместат од штипскиот во затворот во Струга, согласно одлуката за амнестија, а останатите двајца поради здравствени проблеми.

Едниот од нив барал преместување во друга ќелија, а другиот соодветен здравствен третман.

В.Д. директорот за затворот, Мики Тодоров ја потврди оваа информација и според него барањето за преместување ќе биде реализирано, откако целосно ќе заврши процесот на амнестија по што би биле исполнети условите осуденикот казната да продолжи да ја издржува во затворот во Струга.

Поврзани новости