Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, на денешната прес-конференција соопштија дека бил постигнат договор со претставниците на синдикатот и барањата на машиновозачите ќе бидат разгледани. Дотогаш штрајкот е ставен во мирување.
Барањата на машиновозачите се за зголемување на додатоците на плата и на коефициентите за сложеност на работни места, за кои Сугарески и Анѓушев тврдат дека можат да бидат исполнети.
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев изјави дека имаат заземено став за либерализација на железничкиот сообраќај, но само во делот на инфраструктурата.
Тие соопштија дека се прави детална анализа на состојбата во Македонски железници и дека по завршувањето во јавноста ќе бидат соопштени информациите за состојбите. Очекуваат Мекедонски железници да ги намали загубите и да работи профитабилно.
Министрите рекоа дека и натаму продолжуваат разговорите со претставниците на синдикатот за исполнувањето на барањата на машиновозачите.