„Штом ве повикавме на прес, значи сме транспарентни“

by Фокус 18:10
18:10

-Со тоа што сите сте повикани на прес-конференција ние го кажуваме нашиот начин на работа и транспарентност. Сè друго е ваша перцепција, рече претседателот на Антикорупциската комисија, Горан Миленков, на денешната пресконференција откако не сакаше да одговори на новинарските прашања поврзани со објавените телефонски разговори.

Тој половина час зборуваше за програмата на Антикорупциската комисија за превенцијата на корупцијата, но не одговори на прашањата дали неговата комисија ќе преземе нешто во врска во можните корупнивни дејства на владините функционери кои произлегуваат од „бомбите“ што ги објави опозицијата.

- Advertisements -

-Сето ова што го кажавте е во судска процедура и нема да го коментирам, нема целисходност“, рече Миленков.

Пред „незгодните“ прашања, Миленков зборуваше дека Македонија имала високо воспоставени стандарди во однос на борбата против корупцијата. Показател за тоа било и самото тоа што Македонија има посебно тело за спречување на корупцијата, додека дури и некои од членките на ЕУ немале такви тела.

Поврзани новости