Што откриле здравствените инспектори за претепаното 14-месечно бебе?

by Fokus

Државниот здравствен и санитарен инспекторат извршиле вонреден инспекциски надзор кај матичниот лекар на претепаното 14-месечно бебе, истакна директорката Ирина Бухова.

Здравствените инспектори констатирале дека детето пет пати било носено на преглед кај матичен лекар изминатите неколку месеци од кои последниот пат на 4 април, а претходно во февруари. Сите посети, се во однос на горно респираторна инфекција, дадена е потребна терапија и детето не е однесено на контролен преглед.

Исто така, извршен е инспекциски надзор во вакциналниот пункт во Здравствениот дом „Јане Сандански“ каде е лоцирана и матичната докторка на детето. Од евиденцијата во здравствениот пункт констатирано е дека дете со такви генералии не се наоѓа во нивната архива, односно не е воопшто вакцинирано.

Поврзани новости