Што барал официр на српската разузнавачка служба во Собрание за време на насилството?

by fokus

Горан Живаљевиќ, офицер на српската разузнавачка агенција – БИА, актуелен дипломат и советник во српската амбасада во Скопје на 27 – ми април, за време на инцидентите во парламентот бил во Собранието, дознава истражувачкиот тим на телевизија Телма и весникот Коха.

Горан Живаљевиќ е поранешен заменик директор на безбедносната информативна агенција – БИА , сега нејзин активен офицер кој работи во амбасадата во Скопје веќе трет мандат. Тој влегол во парламентот по дваесет часот заедно со група луѓе од толпата и се упатил во пленарната сала каде се уште беа пратениците на ВМРО – ДПМНЕ. Според извори на Телма и Коха тој овде и се сликал. Но, зошто еден дипломат кој според сајтот на српската амбасада во Скопје е советник во истата, би бил за време на вакви настани во парламентот што е надвор од протоколот на дипломатите?

Горан Живаљевиж за телевизија Телма вели дека бил присутен во парламентот по службена должност за да види дали во инцидентите учествуваат и лица од Србија, навивачи или екстремисти.

Поврзани новости