Штипските советници од ВМРО-ДПМНЕ изгласаа да почне постапка за референдум „за или против“ бегалците

by fokus

Со 13 гласа „за“ денеска Советот на општина Штип изгласа да почне постапката за распишување на референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат за Стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 година.

За гласаа совениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а пред гласањето салата ја напуштија советниците од СДСМ.

Координаторот на советничката група Јане Миланов најави дека ќе поднесат кривична пријава против граѓанската иницијатива.

-Ќе поднесеме кривична пријава против подносителот на оваа граѓанска иницијатива, имајќи во предвид дека во овие собрани потписи фигурира и матичниот број на лицата, кој што според Законот за лични податоци е податок од највисок приоритет, а исто така на списокот има потписи и на малолетни лица, рече Миланов.

Граѓанската иницијатива „Будење“ од Штип до Советот на општината има приложено 356 потписи од граѓани кои ја поддржуваат иницијативата за референдумско изјаснување.

Поврзани новости