Штипскиот градоначалник започна соработка со нашата естрада: Музиката е лек за се!

by Fokus

Штипскиот градоначалник, доктор Сашко Николов потпишал меморандум за соработка со Здружението на естрадни уметници од земјава, и им ја дал својата поддршка на нашите музичари, кои по корона-кризата повторно се враќаат на сцената.

Тој вчера присуствувал на настанот наречен ,,Музиката-лек за се” организиран од Здружение на естрадни уметници на Македонија, во соработка со Општина Штип, кој се одржал на штипскиот плоштад. Настапиле фолк и поп бендови и диџеи, а од ЗЕУМ најавија слични настани во тек на лето, низ целата земја.

-Вчера во Штип се одржа првиот настан од низата, кои ќе се случуваат цело лето на територијата на цела Македонија во организација на Естрада – Здружение на естрадни уметници на Македонија, како подарок на народот по повод враќање на музиката во животот.
Почнавме од Штип, во соработка со општината со која потпишавме меморандум за соработка и добивме поддршка од градоначалникот Николов.

Тој посебно ја пофали идејата за вакво нешто, го посети настанот и понуди отворена соработка со здружението за во иднина, тука е за било каква соработка – изјави Горјан Стојановски, претседател на ЗЕУМ.

Естрадните уметници, членови на ЗЕУМ се задоволни од овој проект. Повеќето од нив беа тешко погодени од кризата поради вирусот, од економски аспект, па велат дека со враќањето на музиката, полека и тие се враќаат во живот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости