Штипската болница повторно доби струја, екипи на ЕСМ го санираа проблемот со скинатиот кабел

by Fokus

Синоќа околу 1 часот по полноќ нормализирана е дистрибуцијата на струја во Клиничката болница Штип.

Објектот остана без доток на струја вчера околу 15 часот откако по изведување на градежни активности на новиот влез на болницата беше скинат среднонапонски кабел.

Директорот на болницата, Владко Захариев, утринава во изјава за МИА информира дека состојбата со струјата е нормализирана и болницата нормално функционира. Екипи на ЕСМ синоќа го санирале проблемот.

Во текот на вечерта болницата се снабдуваше со струја преку агрегат.

Поврзани новости