Штипска конфекција е привремено затворена поради шест заразени работнички со ковид-19

by Fokus

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски денеска соопшти дека една недела ќе биде затворена фабрика откако шест работнички се дијагностицирани со корона вирус.

„Разговарав со сопственикот на конфекцијата, но и со сите инспекциски служби и ме информираа дека таму е извршен инспекциски увид, надзор и контрола и е констатирано дека не се прекршени мерките за носење на заштитна опрема. Но, сопственикот ме информираше дека на негова иницијатива ќе ја затвори компанијата од недела дена, а ако има потреба и повеќе, со цел да се испитаат сите вработени“, изјави Бочварски.

Во Штип се регистирани нови пет случаи на заразени со коронавирус, од кои четири се текстилни работнички од оваа штипска конфекција, во која во изминатите два дена беа регистрирани два случаи, со што во оваа фабрика вкупниот број на заболени лица е шест.

 

Поврзани новости