Штипјанка наместо во самоизолација, си пазарела во маркет

by Fokus

Штипското обвинителство бара 2.000 казна за 68-годишна жена, која имала наредба да седи во самоизолација, но на 2 април отишла да пазари во маркет, соопштија од ОЈО Штип.

Покрај за неа, во Штип се бара истата казна и за уште едно лице, кое го прекршило полицискиот час.

Во Радовиш, пак, според денешните извештаи од обвинителството, се бараат казни за пет лица поради прекршување на забраната за движење, а во Велес за седум.

Поврзани новости