Штипјанец ќе одговара затоа што и обезбедил фикс на девојка која завршила во болница

by fokus

Против 26-годишен штипјанец е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. Б.Т. е осомничен затоа што и обезбедил фикс на девојка, која за малку ќе го изгубела животот.

Од полицијата велат дека пријавениот, на 12-ти август годинава, околу 23,00 часот во Штип, во месноста „Суитлак“, на оштетената и овозможил инјектирање на опојна дрога хероин. Од како ја конзумирала дрогата оштетената добила здравствени потешкотии и со возило на Брза помош била пренесена во Клиничка болница Штип.

Поврзани новости