Штипјанец 10 дена држел во заложништво жена и две деца: Ја силувал оштетената и нападнал полицаец

by fokus 16:01
16:01

Дваесет и шест годишниот А.М од Штип заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сторил четири кривични дела, информираше денеска портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова.

Тој во заложништво држел 24-годишна жена и нејзините две деца, истовремено извршил и обљуба врз неа, а нападнал и полициски службеник.

- Advertisements -

Во временскиот период од 11 до 22 април пријавениот противправно ја држел оштетената Е.М. заедно со нејзините две малолетни деца во стан на Борис Крајгер и во куќа на улица Широк дол во Штип, каде во повеќе наврати физички ја нападнал, а извршил и обљуба над оштетената.

На 22 април околу 13.30 часот на ул Широк Дол“ во Штип при вршење службени работи лишување од слобода на пријавениот, тој физички нападна полициски службеник од Полициската станица Штип – вели Панајотова.

Таа додава дека СВР-Штип до Основното јавно обвинителство има поднесено кривична пријава против А.М. Од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторил четири кривични дела и тоа „противправно лишување од слобода“, „силување“, „напад на службено лице“ и „загрозување на сигурноста“’. 

Поврзани новости