Штабот на Силјановска: Нејзиниот сопруг го купил станот по основ на приватизација на становите во општествена сопственост

by fokus

Штабот на претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова попладнево излезе со реакција на обвинувањата дека нејзинот сопруг купил државен стан додека таа била министерка.

-Во 1992-та била почната примената на законот за приватизација на становите во општествена сопственост. И сите граѓани кои биле корисници на општествени станови, т.е. носители на станарско право на овие станови, по основ на овој закон си ги купиле становите. Според тој закон сопругот на Гордана Силјановска Давкова го купил станот како носител на станарското право и дека немале друг недвижен имот, се вели во реакцијата.

Поврзани новости