„Шпигел“за Груевски: Од надежен економист до ултранационалистички популист

by fokus

Никола Груевски некогаш важеше за модернизатор на Македонија, а потоа се претвори во ултранационалистички владетел, кој сака да ја втурне својата земја во хаос- за да избегне затвор, пишува германскиот магазин „Шпигел“ во своето онлајн издание каде за Груевски уште се вели дека од надежен економист станал ултранационалистички популист.

-Груевски се претвори во ултранационалистички- популистички владетел кој владее во земјата со криминални методи: од безобзирни изборни измами преку корупција и шпионирање до сомнителни политички убиства. Македонија од земја за пример, стана најексплозивната земја во регионот.
Нов климакс, речиси тригодишната криза, доживеа минатиот четврток: По повеќенеделни националистички протести вооружени групи упаднаа во парламентот и започнаа со една брутална насилничка оргија против опозициските пратеници. Многу набљудувачи се убедени дека Груевски е главен организатор на нередите, се вели во текстот.

Понатаму весникот пишува дека доколку Груевски со насилствата од четвртокот се обиде да започне една спирала на насилства за на крајот да дојде до прогласување на вонредна состојба, а тој да владее со неограничена моќ, ваквата тактика не успеа.

 

Поврзани новости