Шпекулации за трансфери од ДУИ во БЕСА

by Фокус

Од БЕСА ги нарекоа шпекулации медиумските написи дека ова ново албанско движење, кое наскоро треба да прерасне во политичка партија, преговара за премин на пратеници и истакнати претставници од владејачката ДУИ.

Еден од оние кои беше споменат со име и со презиме е поранешниот министер за здравство и портпарол на „интегративците“ Бујар Османи, кој наводно бил незадоволен од дистанцирањето од партискиот врв.

Слични шпекулации за премин на функционери од ДУИ имаше и по формирањето на Нова Демократија (тогаш во овој контекст се споменуваа Џевад Адеми и Рафиз Алити), но ниту една од нив не испадна точна.

Поврзани новости