„Шпаркасе Банка Македонија“ стана потписничка на глобалните Принципи за одговорно банкарство

by fokus

„Шпаркасе Банка Македонија“ АД Скопје стана официјална потписничка на Принципите за одговорно банкарство на ООН – единствена рамка за одржливост во банкарската индустрија, развиена преку иновативно партнерство помеѓу банките ширум светот и Финансиската иницијатива на Програмата за животна средина на Организацијата на Обединетите Нации.

Преку принципите за одговорно банкарство, кои се веќе потпишани од 200 банки, меѓу кои и  „Шпаркасе Банка Македонија“, се дефинира улогата и одговорноста на банкарската индустрија во обликувањето на одржлива иднина и усогласување со Целите за одржлив развој на ООН и Парискиот климатски договор од 2015 година. Принципите, исто така, нудат подеднакво важна можност банката да вгради стабилност во сите свои деловни области и да воочи каде има потенцијал да постигне најголем ефект со своите придонеси за да дојдеме до одржлив свет. Истовремено, преку нив банката се позиционира на начин на кој може да искористи и нови деловни можности во зачетоците на одржливата развојна економија.

Одржливоста веќе е дел од деловната стратегија на Банката, во која јасно е дефинирана одговорноста на Банката не само во своите главни банкарски активности, туку и одговорноста во односите со нашите клиенти, вработени, акционери и заедницата.

Глигор Бишев, Генералниот извршен директор, изјави: „Шпаркасе Банка Македонија е еден од пионерите во развојот на општествена одговорност во Република Северна Македонија. Како дел од водечка банкарска групација, ги следевме најдобрите примери и практики од матичната банка – Steiermaerkische Sparkasse од Грац, Австрија, и ги вградивме основите на одговорното банкарско работење во нашата главна деловна стратегија. Преку воспоставување одржливи практики и овозможување економски активности што создаваат просперитет за сегашните и идните генерации, ќе придонесеме за остварување на целите на општеството. Банката ќе стане уште поуспешна при спроведување на принципите преку следење на Финансиската иницијатива на Програмата за животна средина на ООН, и преку цврсти заложби за зголемување на нашето позитивно влијание и намалување на негативните влијанија врз луѓето и животната средина што се резултат на нашите активности, производи и услуги.“

„Шпаркасе Банка Македонија“, како банка потписничка, се обврзува да ги преземе трите чекори за подобрување на својот ефект врз општеството и животната средина, имено: анализа на сегашниот ефект врз населението и планетата, поставување цели во области каде што банката може да постигне најзначаен ефект и јавно известување за напредокот.

Повеќе информации за Принципите за одговорно банкарство може да најдете тука: www.unepfi.org/responsiblebanking

Поврзани новости