Шпанските серии се враќаат во етерот, овојпат на Јутјуб

by fokus

Видео-платформата Јутјуб наскоро ќе почне со снимање на првата серија на шпански јазик, во која ќе ја глуми мексиканскиот актер Гаел Гарсија Бернал.

Ќе бидат снимени серии во кои ќе биде и колумбискиот пеач  Малума, како и мексиканската комичарка Софија Нино де Ривера.

Јутјуб, кој досега се потпираша на содржината на корисниците, сега усвои нова стратегија за производство на сопствена програма и содржина.

Таа видео-платформа во мај почна да ја емитува својата серија „Кобра Каи” инспирирана од сагата „Карате Кид”.

Првата бесплатна епизода ја следеа 40 милиони корисници

Поврзани новости